Почетна > Услови и правила за користење

Услови и правила за користење

1.) Со самото стапување во контакт и користење на нашиот систем исто како и нашите услуги вие беспрекорно се согласувате да ги почитувате нашите услови и правила за користење.

2.) Сигма Хостинг целосно го задржува правото да ги дополнува и изменува условите и правилата по своја волја во било кое време без претходно да ги извести своите клиенти.

3.) Забранети се било какви навредливи содржни, говор на омраза и слични работи во насловите на Гејм Серверите, нашиот систем и останатите услуги.

4.) Сигма Хостинг целосно го задржува правото да стопира / отстрани било кој клиент / услуга без претходно известување доколку се приметат било какви прекршувања на условите и правилата или доколку се примаат било какви малциозни / штетни активности по самиот систем и по јавноста.

5.) Сигма Хостинг не е должен, но постои можност своите клиенти да ги известува за времето на истекување на нивната услуга.

6.) Сигма Хостинг се оградува и не одговара за услуги кои не функционираат нормално по вина на самиот корисник. Под тоа се подразбира користење на не-оптимизирани модови, плугини, скрипти на било кој начин ја попречуваат нормалната работа на самата услуга.

7.) Сигма Хостинг при самиот закуп на услуга од страна на клиентот е должен да достави максимални перформанси, непрекината интернет врска и default содржина во зависност од типот и видот на услугата.

8.) Сигма Хостинг го задржува правото да одбие да пружи техничка поддршка за услугата за која претходно има изготвено туторијал од страна на самиот хостинг.

9.) Сигма Хостинг е должен да отстрани било какви непогодности, пречки во беспрекорната работа на системот во најкраток можен рок и притоа да обезбеди обештетување на самите клиенти со продолжување на услугата за дупло онолку време колку што бил прекинот на истата.

10.) Единствени два начини на уплата на средства се банка / пошта и Дебитна / Кредитна картичка

11.) Сигма Хостинг не чува и процесира податоци од Дебитни и Кредитни картички, но тоа се врши преку системот на PayPal.

12.) Сигма Хостинг користи колачиња (cookies) кои се складираат на вашиот компјутер со цел да овозможи беспрекорна работа на системот за контрола на услугите.

13.) Комунацијата со техничката поддршка и администрацијата на Сигма Хостинг се одвива строго преку тикет системот и е-маил. Facebook страницата и YouТube каналот може да се користи единствено за информативни цели како што се промоции, попусти итн.

14.) Сигма Хостинг не рефендура уплатени средства, но доколку закупена услуга од страна на клиент има непрекинати проблеми во работата кои настанале од системот или хардверот на Сигма Хостинг (вклучувајќи темелна истрага за утврдување на причинителот на прекинот на услугата) во рок од 7 последователни денови може да ги рефундира средствата по барање на клиент.

15.) Сигма Хостинг не одговара за загубени, по грешка или намерно избришани податоци (фајлови), пробивање на лозинка на акаунт итн.

16.) Секој клиент е обврзан да поднеси точни и валидни податоци. Непочитувањето на ова правило го сносите на сопствен ризик.

17.) Сигма Хостинг не е обврзан да враќа акаунти на клиенти кои ја заборавиле својата лозинка (за тоа постои систем „Заборавена лозинка“) или клиенти кои не внесле валидна (постоечка) е-маил адреса.

Оригинал: 28.07.2018
Сигма Хостинг 2015-2018
Последна измена: N/A